Американската вселенска агенција НАСА во соработка со Google откри нова планета во системот Кеплер 90, кој засега е најсличен со соларниот систем на Земјата. Ова откритие овозможи нов пристап кон вештачката интелигенција и начин на обработка на податоците собрани со телескопот Кеплер
„Нашиот соларен систем сега има ист број планети – осум, како и Кеплер 90, ѕвездата слична на Сонцето, која е оддалечена 2.545 светлосни години од Земјата, после новото откритие на осмата планета што кружи околу неа“, рече на прес-конференцијата портпаролот на НАСА.
На прес – конференцијата беше објавено дека новооткриената планета е со површина која е многу жешка. Просечната температура е околу 426 Целзиусови степени, температура слична како онаа на Меркур, најблиската планета до Сонцето.
Станува збор за карпеста планета како Земјата, но оваа планета орбитира околу својата ѕвезда еднаш на секои 14,4 дена, што значи дека цела година таму е исто како две недели на Земјата.
НАСА дојде до откритието со користење на вештачка интелигенција која ги анализира податоците од телескопот, а при тоа не било утврдено дали новооткриените тела покажуваат знаци на живот.