Кога станува збор за чистата енергија малку нации се истакнуваат како Индија. Министерството за нова и обновлива енергија на Индија најави планови за изградба на најголемиот хибриден проект за соларна и енергија од ветар во светот. Проектот ќе се гради во населбата Анантапур во државата Андра Прадеш. Според Cleantechnica, фармата ќе има капацитет од 160 мегават-часови од кои 120 мегават-часови ќе бидат соларна енергија, а 40 мегавати од ветрот. Светска банка инвестира 155 милиони долари во проектот.
Масивниот комплекс за соларна енергија и енергија од ветар ќе зафаќа површина од околу 4 квадратни километри и ќе има батериски систем кој ќе овозможи производство на енергија без прекин без разлика какво е времето надвор. Градот Анантапур досега се соочуваше со прекини на електричната мрежа и се надеваат дека сега со новиот систем ќе се обезбеди стабилен проток на струја.
Доколку се оди според планот, пилот проектот ќе може да се прошиди во други делови од Андра Прадеш со слични проблеми. Иако ова не е прв пат да се користи ваква технологија, ова е најголемиот хибриден проект за соларна енергија и енергија од ветар во светот. Светска банка ќе соработува со компанијата Solar Energy Corporation of India (SECI), со Агенцијата за обновлива енергија на Андра Прадеш, NREDCAP и со Andhra Pradesh Transco за да го реализира проектот. Владата на Андра Прадеш очекува дека до 2022 година ќе се добиваат 10 гигават-часови енергија од сонцето и 8 гигават-часови од ветар.