Научници од Универзитетот во Токио случајно отрија полимери кои се обновуваат под притисок на прстите, а може да најдат примена во индустријата за производство на паметни телефони. Колку и да се чини невозможно, научниците веќе некое време се заниумаваат со идејата за екрани кои сами се пооправаат.
Научниците од Универзитетот во Токио ја објавија студијата во списанието Science. Студијата се однесува на новите полемри, посебно за употреба за паметни телефони. Доколку ви падне мобилниот телефон и ви напукне екранот, екранот направен од вакви полмери самиот ќе се обнови доколку притискате со прстите на него.
Како што пишува Guardian, до откритието дошло случајно кога студент забележал како краевите на полимерот повторно се спојуваат откако ќе се исечат. Уште подобро е што по неколку часа повторно добиваат исклучителна цврстина.