Кина ќе го лансира најголемиот систем за тргување со емисија на гасови во светот

- Advertisement -

Кина има детални планови за најголемиот систем за тргување со емисија на штетни гасови во светот, кој ќе вклучува повеќе од 1.700 компании и 3 милијарди тони вкупна емисија на стакленички гасови. Паазарот ќе биде поставен за да ја контролира и да ја намали емисијата на стакленички гасови и да промовира зелен развој без карбонско загадување, велат од Пекинг.

Како што пишува CleanTechnica, тргувањето ќе почне по еден подготвителен период и постепено ќе се проширува покриеноста на пазарот за да вклучи други индустрии кои трошат многу енергија и имаат голема емисија на штетни гасови.  Системот за тргување минатата недела беше одобрен од државниот совет на Кина. Пилот шеми се поставени во седум провинции и градови во Кина.

- Advertisement -

Кина ќе го има најголемиот пазар за јаглерод диоксид во светот и поучена од другите слични пазари во светот ќе го организира во хармонија со националните политики. Моментално најголем пазар за тргување со емисија на стакленички гасови е пазарот на Европската унија и покрива околу 1,75 милијарди тони гасови.

Сподели!
- Advertisement -