За само една недела цената на биткоин падна за една третина

- Advertisement -

На почетокот на годинава вредноста на биткоин изнесуваше околу 1.000 долари. Потоа како да се вклучи ракетен погон и од месец во месец криптовалутата рушеше рекорди. Кога во ноември ја надмина границата од 10.000 долари повеќе ниеден финансиски експерт, па ни шпекулант не се осуди да предвидува дали вредноста ќе продолжи да расте, ќе почен ада паѓа или ќе застане.

Како што пишува Vidi.hr, eдинствено аналитичарите и инвеститорите можеа со сигурност да речат дека секој што се занимава со каква било форма на стоково-парична размена која вклучува биткоин можат да очекуваат една луда железница и турбуленции.

- Advertisement -

Тоа надобро се огледува на позатата берза Bitstamp, на која минатата седмица биткоин во даден момент достигна вредност од 20.000 долари, па веднаш потоа почна да тоне до помалку од 11.000 долари. Аналитичарите велат дека за падот придонесе поплавата од компании кои почнаа да ја користат дигиталната валута и предизвикаа технички проблеми на една од најголемите менувачници на криптовалути Coinbase, па во два наврати беше стопирано тргувањето.

Американските менувачници CME и CBOE, исто така, привремено беа згаснати поради слични проблеми. Хeјтерите кои од почетокот велат дека криптовалутите само продаваат магла сега дојдоа на своето, но уште сме далеку од тоа да почне распродажба на биткоин од луѓето кои поседуваат повеќе од половина ов вкупниот број биткоин во светот.

- Advertisement -

Франција, пак, со поддршка од Европската унија подготвува низа мерки и закони со кои сака да го „скроти“ биткоин и да го стави под некаква регулатива и да овозможи следење на трансакциите за да не се користи за финансирање на криминал и тероризам, за што се повеќе се зборува во јавноста.

Сподели!
- Advertisement -