Поради вишок енергија Германија на консументите им плаќа по 50 евра за мегават-час потрошена струја

- Advertisement -

Цената на електричната енергија во Германија толку многу падна што на најголемите консументи изминатите неколку дена им беше платено да трошат електрична енергија. Додека негативните цени на енергијата не е секојдневна појава во земјата, се случува одвреме-навреме, како што беше случај изминатиот викенд. Тоа е резултат на стотици  милијарди долари инвестирани во обновлива енергија изминатите две децении. Последниот случај со негативни цени на струјата е резултат на топлото време, силните ветришпта и ниската побарувачка бидејќи луѓето за празниците се собираат на едно место да прослават.

Енергијата добиена од ветрот вообичаено зазема 12% од потрошувачката на енергија на дневно ниво, пишува Inhabitat. Сепак, кога е ветровито, тој процент може да се зголеми неколкукратно. Постариот сегмент од енергетското портфолио на Германија како што се фабриките на јаглен не можат веднаш да го намалат количеството произведена енергија. Токму затоа се јавува вишок енергија. Во недела, на Бадник, најголемите консументи на електрилна енергија како фабриките добија по повеќе од 50 евра за секој потрошен бегават-час електрилна енергија.

- Advertisement -

Германија не е единствената земја која има негативни цени на електричната енергија. Белгија, Франција, Обединетото Кралство, Холандија и Швајцарија се имаат соочено со проблемот вишок произведена електрична енергија. Европските земји често го споделуваат вишокот енергија меѓусебе, иако системот не е совршен. Ваквите ситуации придаваат значење на проблемот со недостит на технологија за складирање енергија. Кога би имале огромни батерии, земјите би ја складирале енергијата во банки за енергија за итни случаи или граќаните ќе трошат евтина или бесплатна струја.

Сподели!
- Advertisement -