Светскиот економски форум објави податоци за земјите со најдолг и најкраток животен век во светот. Меѓу топ 10 има само европски и азиски земји, додека последните 10 од вкупно анализирани 137 земји се сите од Африка.
Обединетото Кралство, на пример, го дели 20-тото место со Грција со просечен животен век од 81,6 години. САД се подолу на листата на 37-мо место со просечен животен век од 78,7 години. На самото дно на листата е Свазиленд со просечен животен век од само 48,9 години.
Од останатите земји од соседството најдобро е рангирана Албанија на 38-мо место со просечен животен век од 78 години. Потоа следуваат Хрватска на 43-то место со 77,3 години, БиХ на 49-то место со 76,6 години, Црна Гора на 50-то место со 76,3 години, Србија на 58-мо со 75,5 години и Бугарија на 74-то со 74,5 години. Македонија не е рангирана на листата.
Топ 13 земји со најдолг просечен животен век на луѓето се:
13. Канада, Норвешка и Израел – 82,1 години
12. Јужна Кореја – 82,2 години
11. Луксембург – 82,2 години
10. Австралија — 82,5 години
9. Шведска – 82,6 години
8. Сингапур – 82,6 години
7. Франција – 82,7 години
6. Исланд – 82,9 години
5. Швајцарија – 83,2 години
4. Шпанија – 83,4 години
3. Италија – 83,5 години
2. Јапонија – 83,8 години
1. Хонгконг – 84,3 години