Светската популација расте со неверојатна брзина. Се прогнозира дека до 2050 година во светот ќе живеат скоро 10 милијарди луѓе.
Денес Токио е еден од најпопуларните градови за живеење и има скоро 38 милиони жители. Во првите десет уште се наоѓа и Њујорк со вкупно 8,5 милиони жители. Но, нештата ќе се променат во наредните триесет години.
Иако растот на популацијата ќе стагнира во Америка и во Европа, бројот вртоглаво ќе се зголеми во регионите на Блискиот Исток, Азија и Африка. До 2030 година ќе постојат нови десет најголеми градови во светот според United Nations’ World Urbanization Prospects.
10. Мексико сити, Мексико: 23,9 милиони луѓе
9. Лагос, Нигерија: 24,2 милиони луѓе
8. Каиро, Египет: 24,5 милиони луѓе
7. Карачи, Пакистан: 24,8 милиони луѓе
6. Дака, Бангладеш: 27,4 милиони луѓе
5. Пекинг, Кина: 27,7 милиони луѓе
4. Бомбај, Индија: 27,8 милиони луѓе
3. Шангај, Кина: 30,8 милиони луѓе
2. Делхи, Индија: 36,1 милиони луѓе
1. Токио, Јапонија: 37,2 милиони луѓе