Србија добива закон за климатски промени

- Advertisement -

Србија идната година ќе добие Закон за климатски промени, најави министерот за заштита на животната средина, Горан Триван. Министерот смета дека тоа е еден од најважните закони кои ќе ги усвoи Србија затоа што вклучува низа мерки кои ќе мора да се применуваат почнувајќи од однесувањето на граѓанитe, институциите, стопанството и сите кои загадуваат.

„Климатските промени се процес кој ја обележа нашата цивилизација и нас самите како заслужни за голем дел од тоа. Се изработува Стратегија за борба против климатските промени. Белград тоа веќе го направи пред неколку години и знаеме точно што треба да се направи“ изјави министерот.

- Advertisement -

Тој додаде дека свеста за значењето на зачувувањето на природата е на повисоко ниво од пред 20 години, иако уште не е задоволително, но во градинките и училиштата се зборува за животната средина. Триван вели дека во план е пошумување на Србија и дека тоа што досега не се извршило пошумување не е поради немање пари туку поради неразбирање. „Пошумувањето е наједноставниот начин да решите многу работи од спречување поплави, производство на кислород, складирање на јаглерод диоксид“ појасни министерот.

Сподели!
- Advertisement -