ВИДЕО: Компанија од Њујорк направи биоразградливи чаши од тиква

- Advertisement -

Чашите за кафе за еднократна употреба се еден од најголемите загадувачи на околината. Но, сега една компанија „одгледува“ чаши кои се направени од овошје со цел да се намали пластичниот отпад во светот. Чашите се направени од еден вид на тиква, а се прават со помош на посебно дизајнирани 3Д печатени калапи.

Компанијата Crème, со седиште во Њујорк, тврди дека овие биоразградливи чаши може да се произведуваат за глобален пазар и се многу поеколошка алтернатива за хартиените чаши. Тиквите кои се користат за оваа намена растат многу бргу и даваат многу плодови секоја сезона. Кога ќе се исушат, внатрешниот дел со влакна и тврдата надворешност стануваат многу лесни и водоотпорни.

- Advertisement -

Овие овошки со векови наназад се користеле на многу места на Земјата како садови за носење вода или како декорација. Компанијата Crème го адаптирала методот за да направи сопствени чаши со нивните специјално дизајнирани 3Д печатени калапи.

Тие велат дека со нивните калапи можат да одгледаат тикви во каква сакаат форма, а кога ќе завршат во отпад можат да се  компостираат. Чашите се наречени HyO-Cups и се 100% биоразградливи, па дефинитивно можат да го намалат пластичниот отпад во светот.

- Advertisement -

Компанијата на почеток ги „одгледувала“ надвор, но имале проблеми поради временските услови, животните, влажноста на воздухот и поплави. Сега ги „одгледува“ во посебна контејнер лабораторија поставена во контејнер за транспорт Следниот чекор за нив е да ги „одгледуваат“ во нормална лабораторија.

Сподели!
- Advertisement -