Ова се најдобрите држави за одгледување на семејство (1)

- Advertisement -

Кога се отселувате во држава каде планирате да започнете семејство, постојат многу фактори кои треба да ги земете предвид, а се однесуваат на квалитетот на животот. Како иселеници, особено треба да се размислува за сместување со пристојна цена и квалитетно образование.

Анкета спроведена од InterNations, најголемата светска мрежа на луѓе кои живеат и работат во странство, вклучила оценување на 43 различни аспекти на животот во странство со оцена од 1 до 7.

- Advertisement -

Странците оцениле различни сегменти, од грижа за деца и образование, до здравството за деца и нивната безбедност. Business Insider пренесува детали за првите 19 држави рангирани според анкетата.

Ова се државите рангирани од 19. до 11. место.

- Advertisement -

19. Јужна Кореја

Подобрувањето во сегментот за квалитетно образование ја стави државава на ова место на листата. Според извештајот од анкетата, 47% од странските родители во Јужна Кореја го оцениле квалитетот на образованието како одлично.

- Advertisement -

18. Мексико

Странските родители изјавиле дека не само што имаат добар баланс помеѓу работата и слободното време што им дава повеќе време со своите деца, Мексико добила добри оцени и во категоријата за пријателска средина кон семејствата и децата во општеството.

17. Филипини

Оваа држава е една од најдобрите во светот за квалитетно образование, за семејна стабилност, како и за одржување на пријателска средина кон семејствата и децата како и претходната.

16. Сингапур

Странците ја оцениле државава како една од најдобрите за одржување на семејна стабилност и безбедност на децата, но и како една од најлошите држави во светот според трошоците за грижа за деца и образование.

15. Јужна Африка

Ова е една од најдобрите држави во светот во однос на разновидноста на активности за децата, но уште ѝ недостига добра оцена за одржување на семејна стабилност.

14. Луксембург

Иако Луксембург добила средна оцена за достапноста на грижа за деца и образование, оцените биле повисоки за категориите како одржува стабилност на семејството и безбедност на децата.

13. Холандија

Холандија добила одлични оцени за достапноста на грижа за деца и образование, како и во категоријата квалитет на образование што најмногу придонело кон оваа висока позиција на листата.

12. Полска

Оваа држава поминала добро најмногу поради трошоците за грижа за деца и образование, како и поради квалитетот на образованието.

11. Франција

Да се зборува локалниот јазик исто така играло голема улога во оценките на странските родители. Анкетата покажала дека 36% од странските деца го научиле и зборуваат локалниот јазик, а генерално во Франција, 60% од родителите сметаат дека нивните деца се одлични во француски јазик.

Сподели!
- Advertisement -