Анкета: Македонците очекуваат економски просперитет во 2018 година

- Advertisement -

Македонците се оптимисти во однос на економскиот просперитет во 2018-та, поголемиот број се надеваат на подобра година, а се чувствуваат и посреќни од поголемиот дел испитаници во другите држави во светот, покажува најновиот Глобален барометар на Брима Галуп.

„Како и претходната година, така и оваа, испитаниците во Македонија покажуваат големи очекувања за следната 2018-та кога е во прашање економскиот просперитет што се повисоки од светскиот просек. Вкупно 36% од македонските граѓани очекуваат 2018 година да биде со економски просперитет, 24% сметаат дека годината ќе биде со економска тешкотија, а 34% дека нема да има промени“ стои во извештајот.

- Advertisement -

На прашањето „Дали сметате дека 2018 година ќе биде подобра, полоша или иста од 2017 година?“, 46% изјавиле дека очекaуваат следната година да биде подобра, 18% да биде полоша, а 31% очекуваат да нема промени. Нето резултатот изнесува +28%, што е значително повисок од минатата година кој изнесуваше +18%.

„Нето резултатот на среќа во Македонија изнесува +54%, што е повеќе од светскиот просек, +48%.  На прашањето ‚Дали  лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?’, 13% од македонските испитаници изјавиле дека се чувствуваат многу среќно, 48% се чувствуваат среќно, 30% ниту среќно, ниту несреќно, а 6%, т.е. 1% несреќно и многу несреќно“ наведува Брима Галуп.

- Advertisement -

На светско ниво граѓаните очекуваат економски потешка година или како што стои во извештајот, економскиот песимизам конечно да „победи”.

Надежта, пак, е пораспространета од безнадежноста, но со опаѓачки тренд во однос на претходната година, додека околу две третини или 59% од испитаниците во светот се изјаснуваат како среќни.

- Advertisement -

Во регионот Албанците се најоптимистични за економскиот просперитет, но имаат и најмногу надеж за подобра година, додека најпесимистични се Грците. Во однос на среќата сите се на т.н. позитивна оска. Предничи Косово со 62% од испитаниците, а последна е Грција со 21%.

За истражувањето на Брима Галуп се интервјуирани  53.769 лица на глобално ниво. Во секоја земја националниот примерок опфаќа околу 1.000 мажи и жени кои се интервјуирани лице в лице, преку телефон или онлајн. Теренската работа е спроведена во текот на ноември–декември 2017 година. Севкупната маргина на грешка изнесува 3%-5%.

Во Македонија е спроведена теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на репрезентативен примерок со 1.210 испитаници постари од 15 години, во периодот од 21 ноември до 1 декември 2017, со маргина на грешка од +/- 3%.

Сподели!
- Advertisement -