Богатството на основачот на интернет-страницата „Амазон“, Џеф Безос премина 100 милијарди долари, објави „Блумберг“.
Според најновата листа, Безос е најбогат човек на светот со 105,1 милијарди долари, а зголемувањето на цената на акциите на „Амазон“ за 1,4% во текот на вчерашниот ден е причина за последниот раст на неговото богатство.
Најпознат по основање на компанијата „Амазон“, Безос е сопственик и на весникот „Вашингтон Пост“ како и на компанијата „Блу Оринџ“ која се занимава со приватни патувања во вселената. Богатството на Безос во 2017 година се зголемило за 32,6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на индексот на милијардери на Блумберг на кое второто место го држи на Бил Гејтс со 89,1 милијарди долари.
Претходно во 1999 година, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ се искачи нешто над 100 милијарди долари.
Според рејтингот на магазинот „Форбс“, богатството на Безос изнесува 104,4 милијарди долари, но и тоа е доволно за да се прекине рекордот што го постави сопственикот на „Мајкрософт“.