Алкалоид отвори три нови погони – инвестиција вредна над 2,5 милиони евра

- Advertisement -

Компанијата Алкалоид АД Скопје во присуство на претставници на менаџментот официјално пушти во употреба три инвестициски проекти: Погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми, јавува МИА.

Новите производни одделенија, соопштија од компанијата, се простираат на површина од 1.000 м2, а вредноста на оваа нова инвестиција на Алкалоид АД Скопје изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на сите тие проекти имплементирани се најсовремените стандарди за добра производна пракса (GMP).

- Advertisement -

„Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи налага внимателно следење на трендовите од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање во секојдневното работење. За таа цел инвестициите во нови капацитети, технологија, знаење и кадар ќе продолжат да бидат императив во нашите секојдневни операции“ изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, по повод официјалното пуштање во употреба на новите инвестициски проекти.

Посочи дека хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници е начелото според кое се водат и ќе продолжат да се водат во секојдневните операции, притоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кои ги практикуваат и ги спроведуваат во севкупното нивно работење.

- Advertisement -

Од компанијата информираат дека погонот за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории) зафаќа површина од 460м2 чисти простори во кои се одвива комплетниот процес на вагање на суровините, подготовка на полупроизводи, како и дозирање и пакување на готови производи.

- Advertisement -

Вкупната вредност на овој зафат изнесува околу 1,4 милиони евра, а вредноста на инсталираните хомогенизатори со кои се обезбедува подготовка на сите типови на полуцврсти фармацевтски форми изнесува близу 400.000 евра. Од компанијата наведуваат дека со оглед на специфичноста на процесите во овој производен сегмент одделот за инвестиции на компанијата особено водел грижа за подигнување на нивото на безбедност на вработените и обезбедување на висок квалитет на производите во процесот.

Централна Вагална 2 е инвестиција која се простира на површина од 240 м2 и за која компанијата алоцирала 600.000 евра за опрема и капацитети. Опремата се состои од систем за вагање кој служи за контролирање, мониторирање и менаџирање на процесот на мерење на активните и помошните супстанции кои влегуваат во составот на цврстите фармацевтски форми. Како влезна точка на производниот процес истата е интегрирана со САП/ЕРП системот на Алкалод АД Скопје.

Одделението за пакување на цврсти форми зафаќа површина од 300 m2, на кои се инсталирани две производни линии и тоа: линија за блистер пакување и линија за стрип пакување на цврсти фармацевтски форми. Вредноста на овој проект изнесува 500.000 евра.

Сподели!
- Advertisement -