Штип е првиот град од Истокот кој ќе се гасифицира

- Advertisement -

Јавното претпријатие „Енерго“ Штип е задолжено со обврската да ја изработи документацијата за следната година да биде поставена мрежа за гасифицирање на градот, најави штипскиот градоначалник, Благој Бочварски по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котески

Благој Бочварски, градоначалник на Штип

„Ќе продолжиме со ревидирање на физибилити студијата и со изработка на инфраструктурен и основен проект за гасификација на Штип. Годинава очекувам дека ќе ги завршиме сите проектни документации, и догодина, доколку сѐ тече како што треба, граѓаните ќе можат да бидат сведоци на поставување на нова алтернативна инфраструктура во градот“, изјавил Бочварски.

Котески информираше дека Штип има можност да биде првиот град од регионот кој ќе може да се гасифицира, и е во предност од останатите општини.

- Advertisement -

„Општина Штип е во предност затоа што на само три километри се наоѓа главната гасоводна мрежа. Главната мерна регулациона станица е во состојба да дава гас за Штип.“, изјавил Котески.

Во буџетот на Општина Штип предвидени се шест милиони денари за проектот кој треба да го реализира ЈП „Енерго“. Првично е предвидено да се гасифицираат индустриските објекти, кои се во непосредна близина на гасоводната мрежа на МЕР, а исто така да бидат и опфатени и општинските институции, градинки, училишта и  домаќинствата.

- Advertisement -

Котески потенцираше дека до сега само општините Штип и Битола се обратиле до МЕР за проектот гасификација и ова се општините кои имаат обезбедено свои буџетски средства за оваа намена.

Сподели!
- Advertisement -