Обединетото Кралство планира да создаде нова шума со 50 милиони дрвја

- Advertisement -

Според организацијата Woodland Trust, Обединетото Кралство има значително помалку шума во споредба со другите европски соседи. Поради намалувањето на зеленилото исчезнаа многу животински и растителни видови, а како што се шират човечките населени места исчезнуваат и постојните шуми.

Како што пишува Green Matters, за да се смени тоа организациите Woodland Trust и Соmmunity Forest Trust заедно ќе формираат нова зелена површина во Обединетото Кралство наречена Северна шума. Масивниот проект ќе вклучи садење на повеќе од 50 милиони дрвја. Во процесот на креирање на нова шума ќе се поврзат пет помали локални шумски предели. Шумата ќе се протега на површина од околу 200 километри од Ливерпул до Хал.

- Advertisement -

Новата шума ќе обезбеди мирно место за одмор за локалните жители, но ќе го поттикне и туризмот. Новите дрвја ќе помогнат и за чистење на околу 7 милиони тони јаглерод диоксид, а ќе го намалат и ризикот од поплава на 190.000 домаќинства. Групацијата која стои зад иницијативата проценува дека проектот ќе генерира повеќе од 2 милиони фунти во националната економија. Британската влада за проектот издвои 6 милиони фунти. Првите дрвја ќе бидат посадени оваа пролет, а проектот ќе трае во текот на наредните 25 години.

Сподели!
- Advertisement -