Кина ќе го уништува вселенскиот отпад со џиновски ласери

- Advertisement -

По децении истражување на вселената и испратени стотици различни летала и сателити во Земјината орбита е насобрана голема количина вселенски отпад. Старите сателити кои со години не се користат, остатоци од ракети, отпаден материјал, сето тоа се врти околу Земјата и претставува опасност за новите ракети и сателити. Ако не се преземе нешто во врска со отпадот, во иднина можеме да имаме големи проблеми.

Низ годините се јавуваа различни идеи за како да се реши тој отпад. Некои идеи беа подобри, некои полоши, а некои исклучително скапи. Но, сега група кинески научници имаат идеја која звучи како научна фантастика. Како што пишува Zimo, кинеските научници сакаат отпадот да го гаѓаат со џиновски ласери за да го разбијат на ситни парчиња кои сигурно ќе изгорат во Земјината атмосфера.

- Advertisement -

Идејата е објавена на кинескиот универзитет за воздухопловно инженерство. Како што пишуваат во својот труд, тој ласер би бил сместен на вселенска станица. Резултатите на симулацијата покажуваат дека ласерите би биле најефикасни за отстранување на поголеми купишта отпад.

Сподели!
- Advertisement -