На Кина и недостигаат 60 милиони жени – цената на невестите во земјата е астрономска

- Advertisement -

Поради поголемиот број мажи отколку жени во Кина, невестите достигнуваат астрономска цена, а општеството и економијата мора да се прилагодат на новонастаната ситуација, ги пренесува наводите на The Economist српскиот сајт Bizlife. Кина е патријархално општество, што значи дека жената по мажењето се сели во куќата на мажот, каде што мора да се грижи за свекорот и за свекрвата. Кинезите, исто така, многу повеќе ги вреднуваат синовите од ќерките.

Меѓутоа, за разлика од земјите во кои се плаќа мираз, во Кина се купуваат невестите. Од родителите на младоженецот се очекува да ја плати венчавката и на новиот пар да му дадат пари и имот, а цената на невестите со години вртоглаво расте. Според наводите на педесетгодишниот Рен од селото Пи во преградие на Пекинг, неговите родители за неговата жена платиле околу 1o5 евра. Рен за жената на синот пред 12 години платил десет пати повеќе, додека за жената на својот помлад син неодамна морал да плати дури 13.000 евра.

- Advertisement -

Во светот на секои 100 девојчиња се раѓаат 105 момчиња, но бидејќи смртноста кај машкиот пол е поголема отколку кај женскиот тие бројки се изедначуваат во пубертетот. Меѓутоа, бившата кинеска политика на едно дете во семејство го наруши природниот однос. Многу мајки поради желба за машко дете ги абортирале своите ќерки, па во 2010 година на секои 100 девојчиња во Кина се родени 119 момчиња. Демографите проценуваат дека сега во Кина недостигаат 60 милиони жени.

- Advertisement -

Цените на невестите во источнокинеската провинција Шангдонг, која се наоѓа меѓу петрополите Шпекинг и Шангај, се астрономски. Тамошните девојки ги бие глас дека се необично убави и високи, па често во потрага по љубов и работа неретко се селат во големите градови. Цената на невестите во Шангдонг пред 10 години изнесувала од 250 до 380 евра, а денес се движи од 25.000 до 38.000 евра. Колку за споредба, пристојната годишна заработка во провинцијата изнесува околу 6.400 евра.

Бројките се слични и во останатите провинции. Поради тоа во Кина нема стари моми затоа што и вдовиците лесно наоѓаат нови мажи. За разлика од нив, мажите по 25-тата година веќе се сметаат за лански снег и се повеќе родителите почнуваат да ги сметаат синовите за економски товар. Се чини дека оваа криза во Кина ќе потрае неколку децении, а потоа ќе се реши сама од себе. Според

Сподели!
- Advertisement -