Од 15 февруари стартуваат академии за маркетинг и ПР и за графички дизајн на Creative Hub

- Advertisement -

Од 15 февруари со работа почнуваат Академиите за Маркетинг и ПР и за Графички дизајн на Creative Hub кои нудат професионална обука и врвна услуга, со основна цел обезбедување добро обучен кадар од овие две области, кој моментно недостасува на пазарот во Македонија. Академијата за Маркетинг и ПР е наменета за бизнис професионалци на кои им е потребна надградена обука во одредена област од нивниот сектор, како и за студенти кои се подготвени да навлезат во маркетинг и бизнис светот и да направат нов чекор.

Академијата за Графички Дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремените софтверски програми за графички дизајн, како и предмети кои опфаќаат теми како фотографија и целосно опфатена подготовка за печат.

- Advertisement -

Обуките ќе се одвиваат преку работа на реални проекти и интерактивни предавања, одржани од експерти во својата област: Сергеј Зафироски, Огнена Васиљевиќ, Сузана Никифорова, Биљана Северинова, Дафинка Дина Муцунска, Горан Биџовски и други звучни имиња.

- Advertisement -

Истовремено, по завршувањето на академијата на студентите им се дава можност за дообука преку платена пракса кај некој од партнерите на Creative Hub меѓу кои се домашните маркетинг агенциите – Елемент ПР, The P World, Marketing Group, Insider ID, Momentum Inc. и многу други.

Сподели!
- Advertisement -