Наскоро со телефонот ќе можете да детектирате бактерии во храна

- Advertisement -

Дали спанаќот што го јадете е безбеден или е контаминиран? Во блиска иднина еден евтин уред кој е врзан за всшиот паметен телефон ќе ве предупреди колку се штетни бактериите во храната што ја јадете. Технологијата моментално се развива на Универзитетот на Масаучсетс – Амхерст.

Истражувањето го предводи д-р Лили Хе. Таа заедно со други истражувачи дизајнираа чип кој содржи молекула на три-меркаптолфенилборска киселина, која ги привлекува бактериите и се врзуваат за нив. Чипот се става во примерок од сок или каша од храна. Потоа се мие со течност со висока pH вредност. Таа течност ги мие шеќерите, мастите и протеините од храната, а ги остава бактериите.

- Advertisement -

Потоа чипот се става под едноставен микроскоп кој е дизајниран да се користи со паметен телефон. Апликацијата ги брои бактериите во чипот. Може да детектира околу 100 бактерии на милилитар раствор,  пренесува New Atlаs.

Резултатите се готови за помалку од 2 часа. Стандардниот метод на култивирање бактерии од примероци од храна трае 2 дена. Има други методи на детекција на бактерии кои се побрзи, но не откриваат толку бактерии. Д-р Хе се надева кога технологијата ќе почне комперцијално да се продава нема да ја користат само готвачи туку и луѓе кои помагаат на места погодени од катастрофи за да проверат дали храната и водата имаат бактерии.

Сподели!
- Advertisement -