Пазарот на Android телефони влегува во нова фаза во која батериите од 7.000 mAh, 8.000 mAh, па дури и 10.000 mAh стануваат реалност. Неколку големи кинески брендови, вклучувајќи ги Xiaomi, OnePlus, Realme и Honor, активно подготвуваат телефони со батерии од 10.000 mAh, претежно во средниот ценовен сегмент.
Во исто време, гласините велат дека Xiaomi развива модел со батерија од 10.000 mAh и поддршка за полнење од 100 W, каде што целосното полнење би траело околу еден час.
Иако телефони со толку големи батерии постоеле и претходно, тие биле претежно робустни и премногу тешки. Клучно за промената е унапредувањето на силициум-јаглеродните батерии и новите генерации аноди, кои овозможуваат високи капацитети без драстично зголемување на дебелината и масата на уредот.
Експертите, сепак, забележуваат дека не е сигурно дека вакви модели ќе се појават надвор од Кина, бидејќи пазарите во САД и ЕУ имаат строги ограничувања за максималниот капацитет на една батерија.
Концепт телефонот на realme претставен во август привлече особено внимание, уред со батерија од дури 15.000 mAh и дебелина од само 8,89 mm, базиран на сосема нова генерација на 100% силиконска анода.
Доколку трендот продолжи, 2026 година би можела да биде годината во која класичниот power bank ќе стане целосно непотребен, бидејќи ќе биде заменет со самиот телефон.
(LTN)



