Асоцијацијата за психолошки науки во своето најново издание тврди дека има врска меѓу пркосењето и кршењето на правилата во адoлесценцијата и богатството подоцна во животот. Дали е можно немирковците, всушност, да се мали гении? Еве за што се работи.
Да го земеме за пример Бил Гејтс. Тој кога имал 11 години почнал да им прави проблеми на родителите. Како што растел неговиот интелектуален капацитет така почнало неговото аргументирање на се. Одбивал да прави работи кои ги барала мајка му од него како чистење на собата или вечерање заедно со семејството. Бил во војна со родителите за тоа кој ќе ја има контролата. Неговото однесување може да не ви се чини посебно затоа што многумина од нас биле бунтовници, па не станале милионери. Меѓутоа…
Во 1968 година околу 3.000 основци од Луксембург правеле тест за итнелигенција и одговарале на прашања за своите чувства во однос на училиштето, пишува Bizlife. Нивните наставници исто така пополнувале прашалник за однесувањето на учениците. Подоцна истражувачите ги оценувале и семејствата на учениците.
Подоцна во 2008 година истражувачите се навратиле на податоците од истражувањето за да видат дали во детството може да се предвиди кој ќе заработува најмногу. Можеле да контактираат само со 745 од учениците, кои тогаш имале 52 години. Психолозите биле изненадени со резултатите. Имено, освен стандардните каракктеристики како IQ, економскиот статус на родителите и образованието, она што предвидело голема заеаботка е и крешењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетите.
Истражувачите велат дека таквите луѓе може да се склони да се заземаат за себеси, што може да води до подобра финансиска позиција. „Ако 90% од присутните на состанокот се согласат за еден предлог, јас ќе го одбијам. Причината е многу едноставна: ако сите гледаат прилика во некоја идеја, тогаш големи се шансите други компании да работат на слична идеја“ вели Џек Ма, основачот на Alibabа.
Ова истражување не треба да ги охрабрува децата да бегаат од училиште или да војуваат по дома. Но, доколку забележите некој зна на пркос кај детето, тоа можеби воопшто не е лоша особина. Можеби токму тоа треба да го негувате кај него.