Американската војска ќе печати дронови на лице место

- Advertisement -

Покрај пешадијата, лесното и тешкото оружување, американската војска во иднина на боиштата ќе испраќа и 3Д печатачи. Имено, војската и маринците стартуваа посебна програма за изработка на беспилотни летала кои ќе може да се печатат директно на боиштето и да се прилагодат на тамошните услови, пишува Zimo.

Тоа значи дека ако на војниците им треба дрон за извидување, тие со посебна апликација преку телефон ќе направат бесшумно летало со мали димензии на кое ќе може да се постави камера. Деловите за дронот ќе се испечатат за неколку часа и ќе треба само да се спојат и да почне да се користи дронот. Исто така, ако ситуацијата в првите борбени линии бара големо летало на кое ќе се постави оружје и ќе се нападне непројателот, тој дрон ќе може исто така да се испечати и да се состави.

- Advertisement -

Овој концепт комбинира авионска технологија, 3Д печатење и развој на софтвер. Апликацијата за составување летала е замислена слично како каталог на Amazon – треба само да се изберат потребните делови, кои се модуларни, и да се испечатат. Научниците кои учествуваат во проектот успешно тестираа прототип на 3Д испечатен дрон и продолжуваат со развој и ширење на програмата. Освен деловите кои се достапни од каталогот во иднина војниците сами во апликацијата ќе можат да развиваат посебни делови за дронови во зависност од потребите и ситуацијата.

Сподели!
- Advertisement -