Курсот на кој се учи како да се достигне среќата е најпопуларниот вво историјата на Универзитетот Јеил.За само една недела да ги слушаат тие предавања се пријавиле 1.200 студенти, што е речиси 1/4 од вкупниот број студенти на Јеил, пишува Светскиот економски форум.
На часовите се учат добри навики како што се покажувањето благодарност, помалку одложување на обврските, како и воспоставување повеќе социјални контакти. Професорот кој ги држи часовите верува дека на овој начин може да се смени целата култура на кампусот.
Мнеталното здравје може да претставува голем проблем за многу студенти кои се чувствуваат изолирани, под стрес поради испити и анкзизни поради многуте обврски кои ги имаат. Едно истражување дури покажува дека неверојатни 32% од студентите во САД се премно депресивни за да можат нормално да функционираат. Тогаш, можеби сите студенти во светот треба да имаат часови на кои ќе учат како да бидат среќни?