Македонската мрежа на ментори со поддршка на Холандската амбасада во Скопје, го најавува новиот менторски циклус за жени претприемници и професионалци што ќе се спроведе во текот на годинава и истиот ќе вклучува учесници од Македонија, Косово, Албанија и Холандија.
Целта на проектот е да ги поврзе претприемничките и професионалците од регионот преку соодветно креирана менторска програма, а во исто време да реализира професионално поврзување со бизниси и профеесионалци од Холандија.
Во оваа програма ќе бидат вклучени 30 учесници од регионот како и 15 ментори од Холандија.
За таа цел, Македонската мрежа на ментори во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија организира инфо сесии во Скопје, Тирана и Приштина.
Информации за инфо сесиите, повикот и аплицирањето задно со критериумите што треба да бидат исполнети, можат да се најдат на слендиот линк http://internationalmentoringplatform.org/forum.php#.
Повикот трае до 15 февруари годинава, а резултатите ќе бидат објавени на 20 февруари.