Владата во Пекинг сака кинеските компании за транспорт да почнат да тестираат транспорт на стока преку нови арктички рути, а градежните компании да изградат патна инфраструктура преку Арктикот. Оваа идеја на Кина се базира на кинеската иницијатива One Belt One Roadкоја има за цел Кина да ја поврзе со најголемите светски пазари, пренесува Светскиот економски форум.
Станува збор за огромна инфраструктура која ќе се протега низ дури 65 земји. Иницијативата вклучува иградба на нови патишта, транснационални железнички линии, гасоводи и нови пристаништа за да се отворат ови поморски рути. Исто така, на овој начин Кина ќе може да го истражува Арктикот и да експлоатира други ресурси како риба и гориво, но на правна и морална база.
Од Кина велат дека иницијативата ќе гхи почитува интересите на сите арктички нации. За да ја реализира Кина ќе мора да работи со земји како Русија, САД и Канадаза да се избегнат тензиите околу ресурсите и територијата на Арктикот.