Иран прави сопствена верзија на Интернет

- Advertisement -

Иран планира да направи сопствена, целосно локална, контролирана верзија на Интернет под назив „Халал нет“ за да одржи строга контрола на протокот на информации во јавноста, пишува Independent.

Тоа се случува во време кога оваа азиска држава се ближи до обележувањето на 40-годишнината од Исламската револуција, со која на власт дојде теократската влада.

Во текот на претходните четири години властите охрабруваа широка употреба на Интернетот меѓу Иранците со надеж дека ќе ги извлече бенефитите од модерната економија. Меѓутоа, како резултат на тоа речиси половина од популацијата во своите џебови има оружје које државата се обидува да го ограничи – паметните телефони. Како што се наведува, телефоните помогнале за ширење на протестите кои избија вп Иран годинава.

- Advertisement -

Истражувањата покажаа дека во текот на 2014 година 2 милиони Иранци имале по еден паметен телефон, а се проценува дека тој број сега е зголемен на 48 милиони.

Сподели!
- Advertisement -