ВИДЕО: Сара е првиот робот кој чекира авионски билети

- Advertisement -

Чекирањето за лет може да биде исцрпувачко искуство од повеќе причини – од чекање во ред до чекирање багаж. Една компанија одлучи тоа да го смени со помош на нивниот робот.

Станува збор за првиот роботски асистент за чекирање по име Сара, кој е дизајниран да го унапреди искуството на патниците на аеродромите. Авиокомпанијата Emirates од Дубаи минатиот месец ја стартуваше услугата City Check-in and Travel Store, преку која патниците можат да букираат патување, да проверат летови, да купат некои потребни работи, но и да го предадат својот багаж од 24 до 4 часа пред летот. На овој начин патниците штедат време и стигнуваат опуштени на аеродромите.

- Advertisement -

Патниците имаат две опции: сами да се чекираат на одредени киосци со човечки агент или да побараат помош од Сара. Роботот има ЛЕД екрани осетлив на допир. Овој робот може да го спореди лицето на патникот со фотографијата во пасошот, да направи чекирање на патникот и да му даде упатства за предавање на багажот.

Патниците можат да ја прашаат Сара за совет и да побараат понуда за популарни дестинации, а патничките консултанти потоа можат да помогнат во купувањето на билетите за идни патувања, да понудат помош со моменталните резервации, да изберат седиште, дополнителен багаж и слично.

- Advertisement -

Идните верзии на роботот ќе бидат уште понапредни и опремени со роботски раце за транспорт на багаж.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -