Plogging (плогинг) е фитнес тренд кој ќе ви помогне вам и на животната средина да се одржувате во здрава форма. Скандинавците ја измислија оваа неверојатно еколошка форма на вежбање која ги спојува џогирањето и собирањето отпад и сега целиот свет полуде по ова хоби, пишува Inhabitat.
Луѓето што џогираат сега својата физичка активност ќе ја донесат на ново ниво додека симултано трчаат и го собираат отпадот по пат. BBC пишува дека не само што „плогрите“ ги чувствуваат бенефитите од трчањето туку прават и чучнувања за да го дофатат отпадот од земја. Се што ви треба за да станете „плогер“ е опрема за вежбање, кеса за отпадот и еден пар ракавици.
Еден од двигателите на овој тренд е Ерик Алстром. Когa се преселил од шведскиот ски центар Оре во Стокхолм помислил дека градот изгледа како некоја депонија. Организирал групи луѓе кои џогирале и ги опремил со ракавици и кеси за отпад за да го исчистат градот. Тој активноста ја нарече „плогинг“ како комбинација од шведските зборови за џогирање и собирање.
Многумина кога ќе поминат на некое место каде што има отпад воздивнуваат во знак на неодобрување, но ги згрозува помислата да го соберат тоа ѓубре и да го однесат до корпа за отпадоци. Движењето „плогинг“ ќе го смени таквиот начин на рзмислување затоа што сега е тренди да се собира отпадот од улица. Движењето има и интернет страница, Plogga. Овој тренд го полуде и остатокот од светот и сега се појавуваат „плогери“ од Париз преку Обединетото Кралство до Тајланд.