Дигигиталната револуција не само што е тука туку се засилува секој ден. Напредокот на автоматизацијата, дигитализацијата на информациите, пристапот до информации и демократизацијата на знаењето и трансформацијата на секој сектор од економијата – обемот, скалабилноста и сеприсутноста на овие промeни е невидена досега.
Според податоците од едно истражување на McKinsey, како што пренесува Светскиот економски форум, десетина технологии, меѓу кои геномиката, складирањето енергија и автоматизацијата, ќе ги предводат економската и социјалната трансформација во наредните неколку години. Со потенцијален економски ефект од 14 до 33 трилиони долари годишно во 2025 година вредноста на овие технологии може да достигне 1/3 од БДП.
Како што се прилагодуваме на оваа економија базирана на технологија и универзитетите мора да се променат. Додека ќе се задржи основната мисија на едукација на идните генерации и култувирање нови форми на знаење, универзитетите мора да земат поголема улога во поттикнувањето на иновативноста и да станат катализатори на економскиот развој. Нашите институции мора да ги совладаат предизвиците на дигиталната револуција и да играат побитна улога во екосистемите за иновирање на четири клучни начини.
1. Негување на претприемништвото
Како што се забрзува темпото на новите откритија и се засилува глобалната конкуренција, универзитетите мора да го вклучат претриемништвото како дел од академското искуство, креирајќи култура во која се инспирира и се негува инвоативното размислување. Почнувајќи од 2017 година повеќе од 200 колеџи и универзитети лансиеаа центри посветени на иновирање или претприемништво како членови на Глобалниот конзорциум на центри за претприемништво.
Без оглед на тоа кое поле го изучуваат студентите доаѓаат на факултет за да го подобрат општеството преку стартапи, социјално претприемништво и други нивни креации. Во време која општествените предизвици бараат откритија кои се спој на различни дисциплини, негувањето на културата за претприемништво е еден од најмоќните начини на кои универзитетите можат да дејствуваат како економски акцелератори.
2. Поддршка на соработката со приватниот сектор
Во денешната конкурентна средина универзитетите мора да развиваат и нови партнерства со лидерските компании, фондации и други истражувачки институции. Тие партнерства не служат само за трансфер на знаењето од книга во практична средина туку нудат и неопходни средства за талентираните студенти да можат да вршат битни истражувања, да разменуваат идеи со најдобрите умови во и надвор од академската средина и можеби најбитното, да им помогнат на студентите да се подготват да станат граѓани на еден свет кој брзо се менува.
Корпорациите ја пррпознаваат вредноста на ваквите соработки. Според податоци од Национална наулна фондација на САД, индустриските инвестиции во истражување и развој на универзитетите се зголемиле за повеќе од 5,5% годишно во изминатите 10 години. Овој тренд не е ограничен само на САД. Европската комисија исто така ги дуплираше партнерствата меѓу индустријата и универзитетите со креирањето на Европскиот институт за иновации и технологија.
3. Промовирање диверзитет и инклузивност
Успешните универзитетски спиноф компании и корпоративните партнерства не ја кажуваат целата приказна. Со забрзувањето на економската трансформација критично е универзитетите да продолжат да се фокусираат на вклучување различни перспективи во работата. Во САД, на пример, нудењето повеќе можности за различни идеи, особено за работи од STEM секторот, не само што е вистинскиот потег, туку е и неопходен за задоволување на економската побарувачка наметната од економијата базирана на технологија.
Според некои статистики, не само што ќе се зголемува бројот на STEM занимања во наредните години туку голем дел од тие работни места нема да бидат пополнети поради недостиг на дипломци со потребните вештини. Доколку не се внесе диверзитет во базенот со баратели на работа, ризикуваме да не можеме да ја задоволиме растечката побарувачка, а тоа ќе има сериозни последици врз техничките иновации. Универзитетите можат да играат клучна улога во обезбедувањето на оваа економска корист и тоа не само кај тие што студираат напредни технологии.
4. Истражување на врската меѓу технологијата и општеството
Секако дека нема гаранција дека технологијата автоматски ќе му донесе корист на општеството. Тука можеби лежи најголемата обврска за институциите за високо образование во дигиталната револуција. Нивна обврска е да обезбедат етичари, уметници и филозофи кои ќе го покажат вистинскиот пат; експерти за политика и економисти кои ќе нацртаат мапа и когнитивни научници и социолози кои ќе осигураат дека крајната дестинација е соодвeтна за луѓето и машините.
Историјата покажува дека тие што се подогтвуваат за сеизмички промени на полето на работата имаат одлична можност за напредуваат. Како одговорни за иднината на образованието, со пристап до неверојатни интелектуални ресурси и потребно влијание за примена на ресурсите во главната мисија, универзитетите имаат најбитна улога во адаптацијата на работната сила на дисруптивните технологии за идната економија да им одговара на сите.