Овој мал град во Велс целосно ја исфрли пластиката од употреба

- Advertisement -

Град со популација од околу 2.000 луѓе во Велс официјално стана место каде што воопшто не се користи пластика. Жителите на Аберпорт напорно работеа за целосно да ја исфрлат пластиката од своите продавници и од плажите, а сега тој тимски напор дефинитивно се исплати.

Како што пренесува GreenMatters, кампањата за исфрлање на пластиката почнала кога локалната филмска продуцентка Гејл Тудор се вратила од патување по брегот на Обединетото Кралство.  Додека патувала Гејл сфатила колку е опасна пластиката по морскиот свет. Особено микропластиката. Малите парчиња пластика се добиваат со распаѓање на погиолеми парчиња пластика. Потоа тие ситни делови ги голтаат рибите, а преку нив стигнуваат и до нашата трпеза, па дури и во водата за пиење.

- Advertisement -

Гејл почнала поединечно да ги посетува луѓето и локалните бизниси за да види дали се заинтересирани да престанат да користат пластика. Отворила и страница на Facebook за ова движење во градот за луѓето да можат да видат што се предлага. Со цел да бидат класифицирани како заедница без пластика тие морале да најдат три бизниси кои ќе се откажат од три пластични предмети за еднократна употреба.

Со кампањата совршено се совпаднало емитувањето на документарниот филм Planet Earth II. Серијалот се фокусира на проблемите со микропластиката и колку е штетна за животните под водата. Многу од жителите велат дека не знаеле колку пластика има во океаните во светот и дека филмот бил доволен за да се вклучат во кампањата.

- Advertisement -

Бизнисите кои ќе се откажат од пластиката имаат поголем финансиски товар, особено бизнисите кои продаваат производи за носење дома. Тие сега се префрлаат на дрвени прибори, хартиени сламки, чаши од скроб, кои се значително поскапи. Локалните бизниси сметаат дека индустријата за прозиводство треба да ги покачи стандардите за да ја исклучат пластиката од употреба, а тоа ќе резултира со помали давачки за бизнисите кои се еколошки.

Во градот се организира и чистење на плажите, а ги мотивираат и другите градови да видат дали можат да ја намалат потрошувачката на пластика преку легислативи и општествени договори. Полесно е да се оствари една ваква амбициозна цел кога се работи за град од само 2.000 жители, но колку повеќе луѓе се вклучат во вакви кампањи толку е поголема веројатноста промената во свеста да се прошири на поголеми размери.

Сподели!
- Advertisement -