Градот Беркли во Калифорнија ќе издава своја криптовалута за да не зависи од буџетот на САД

- Advertisement -

Иако лудилото по криптовалутите се смири по падот на вредноста на биткоин, тоа не значи дека интересот за виртуелните валути целосно го снема. Многу земји, институции и компании размислуваат за издавање сопствени криптовалути за собирање средства. Но, во САД и еден град размислува во тој правец, пренесува Zimo.

Станува збор за Беркли, град во Калифорнија, кој е познат по својот универзитет, но и по либералните ставови. Идејата за издавање криптовалута на ниво на градот се роди од чиста потреба. Имено, Беркли е зависен од федералните финансии, кои сега се доведени во прашање секогаш кога Конгресот не може да се договори за буџетот. За да ја избегнат таа неизвесност водечките луѓе во градот одлучија да направат сопствена криптовалута и да направат иницијална понуда за да соберат пари за нормално функционирање на градот.

- Advertisement -

Криптовалутата, која засега нема има, би имала упориште во градските обврзници , кои се издаваат и се продаваат за да се соберат пари за капитални инвестиции. Купувачите на криптовалутата на Беркли би можеле да ја користат во продавници, во ресторани, па дури и да платат кирија кај претприемачи кои би учествувале во проектот.

Доколку се покаже исплатливо издавањето на дигиталната валута, градските татковци парите би ги насочиле за решавање на проблемот со сиромаштијата и бездомниците во градот. Тие се надеваат дека во иднина бездомниците наместо социјални бонови ќе добиваат криптовалути за плаќање на храната и другите услуги. Ако се оди според планот, иницијалната понуда на криптовалутата ќе биде на средината на мај годинава. Ако се помине без проблеми, Беркли ќе им покаже на другите градови кои се соочуваат со истото како да ги избегнат проблемите со финансиите. 

Сподели!
- Advertisement -