Иако девојките и понатаму се смета дека не се толку многу по гаџетите како машкиот пол, постои широк спектар одлични изуми кои се елегантни и практични, а секоја девојка би сакала да ги има во својата колекција, пишува 24sata. Денот на вљубените е на прагот, а доколку за својата понежна половина уште не сте го нашле совршениот подарок, ви нудиме листа со одлични гаџети за девојките и жените.
1. Ringly прстен
Ringly прстените се направени да изгледаат убави и елегантно, а истовремено да бидат корисни. Имено, прстените можат да се поврзат со телефон и да прикажуваат најбитни известувања. На пример, кога девојката ќе добие порака од своето момче, прстенот ќе завибрира и ќе светне.
2. Чанта која свири
Чантата Stelle Audio е практична, пригодна за вечерни излегувања. Ако сакате да се забавувате со девојката и знаете дека таа сака музика, но исто така има и свој модерен стил, ова е совршен подарок. Чантата се поврзува преку Bluetooth и може да пушта музика, а може и да служи како звучник за телефонски разговор. Внатре има огледало и доволно простор, а може да се користи и како полнач.
3. Диско топка
Ако вашата понежна половина сака да се опушта со купки во бањата, еве ви го совршениот подарок. Водоотпорната диско топка се става во кадата и ќе го осветли секој агол од бањата.
4. USB
Поради напредокот на технологијата повеќе нема потреба да носиме семинарски или презентации на USB со некој обичен и досаден изглед. На Интернет постојат безброј забавни дизајни, а вие само треба да го изберет тој што најмногу ќе и се допадне.
5. Се за мобилниот телефон
Нешто што секоја девојка би сакала да го има за својот мобилен телефон, секако, се сладок сталак, убава маска и симпатична кутија за слушалки. Вие сигурно знаете што сака: цртани ликови, некој посебен филм, музика, животни? Што се однесува на кутијата за слушалки, многу се слатки оние во облик на француските колачиња „макаронс“.
6. Заштита за лаптоп
Мора да признаете дека без разлика на полот, сите често сакаме да седнеме со лаптопот во скут и да каснеме или да се напиеме нешто додека работиме на компјутер. Барем еднаш ви се случило да истурите кафе, сок или вода по тастатурата. За на својата дама да и понудите безгрижно уживање, а истовремено и „кул“ тастатура, можете да се одлучите за фолија која ќе го штити лаптопот и истовремено ќе го разубави.
7. Уште една чанта
Everpursе е чанта во која можете да ставите се, изгледа премногу елегантно, а внатрешноста е прилагодена за сите гаџети кои ги поседува една девојка. Освен тоа, има и вграден полнач за телефон.
8. Фотоапарат
Instax фотоапарато ќе го освои срцето на сите девојки кои обожаваат фотографирање. Го има во повеќе нежни и женствени бои, а фотографиите ги вади веднаш во стилот на полароид.
9. Печатач за фотографии од телефон
Совршен подарок за девојки кои повеќе сакаат да имаат вистински фотографии отколку дигитални на компјутер или на Интернет. Печатачот само се приклучува на телефон и целиот процес е едноставен и брз.