Кејптаун во Јужна Африка бро се приближува до она што го нарекуваат „Денот нула“, односно моментот кога оваа метропола од речиси 4 милиони жители ќе снема вода за пиење. Додека Кејптаун презема драстични мерки за да ги зачува резервите на вода, тоа едноставно не е доволно за да се избегне кризата. А додека владите и жителите се подготвуваат за најлошото, битно е да се знае кои други големи градови во светот исто така се во опасност да им се случи истото. Недостигот од овда навистина е глобален проблем и еден од четири најголеми градови во светот сега се во криза, а тој број се очекува да расте поради клиамтските промени, човечкиот фактор и растот на популацијата, пишува Inhabitat.
Недостигот од вода може да ја влоши веќе нестабилната политичка и економска состојба, која особено ги загрижува градовите како Каиро. Египет моментално се соочува со насилен екстремизан и политички тензии и од Светската здравствена организација е рангиран меѓу земјите со најголем број смртни случаи поради загадена вода. Тоа е поврзано со загадувањео на реката Нил. Слично на него, Сао Пауло и Москва се дават во загадување поради лоши политички одлуки. За среќа, нивните проблеми можеби имаат решение.
Крајбрежните градови како Џакарта и Мајами се соочуваат со уникатни проблеми со водата додека е обидуваат да извлечат чиста вода од подземните басени. Поради немањето пристап до вода за пиење од водовод, жителите на Џакарта копаат нелегални бунари, ги испразнуваат тие басени и придонесуваат за земјат да пропаѓа. Како резултат на тоа, околу 40% од градот сега лежи под нивото на морето. Додека Мајами, пак, не тоне, но резервите со свежа вода се загадени поради брзото покачување на нивото на морето и уништувањето на мочуриштата. Дури и градови како Лондонсе соочуваат со неизвесна иднина во поглед на водата за пиење и се очекува до 2040 година да имаат проблеми со недостиг на истата. Владите можат да ги направат потребните измени на политиките за да го решат проблемот, но мора да реагираат брзо.