- Advertisement -
Дискусии за тоа дали паметните телефони имаат штетно зрачење и колку зрачат се водат со години. Додека производителите тврдат дека нивните уреди се безбедни и во согласност со сите прописи, докторите предупредуваат дека треба да бидеме внимателно и да не ги користиме долго. Германската канцеларија за заштита од зрачење направи база од голем број најпопуларни паметни телефони и нивоата на зрачења кои ги емитуваат. Некои од уредите навистина емитуваат висока фреквенција, особено во текот на телефонските повици, додека други се целосно пристојни и може да се карактеризираат како безопасни.Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење уште во 1998 година препорача дека специфичното ниво на апсорпција на електромагнетно зрачење не смее да надмине 3 вата по килограм. Иако ниеден паметен телефон кој моментално се наоѓа на пазарот не го надминува тоа ниво, некои се многу поблиску до таа граница од другите.
Меѓу уредите кои најмногу зрачат во текот на разговорот се моделите на OnePlus, Huawei, Nokiа, но и iPhone. Од друга страна, најмалку зрачат моделите на Samsung, Google, ZTE и LG.
сакате да проверите колку е штетен вашиот паметен телефон по вашето здравје, посетете ја страницата http://www.bfs.de/SiteGlobals/Forms/Suche/BfS/DE/SARsuche_Formular.html?resourceId=6048906&input_=6046838&pageLocale=de&sarQueryString=&submit=Suchen.
- Advertisement -
Во базата не се наоѓаат сите модели од сите производители туку тие што се најпопуларни и најпродавани во Германија.
- Advertisement -