На 24 и 25 февруари, односно викендов што следува, ќе се одржи првиот Gentlemen’s Expo во Скопје. Gentlemen’s Expo претставува саем на којшто ќе се претстават производи наменети за машката популација.
Саемот ќе се одржи во изложбените салони на BMW и MINI во М-Кар Македонија и ќе трае од 10 до 18 часот и двата дена.
На првото издание на Gentlemen’s Expo ќе се претстави и „Божиновски накит и часовници“, кои ќе имаат посебна сесија на тема Тајната на вашиот часовник. Оваа сесија е замислена во вид на предавање преку кое учесниците ќе научат нешто повеќе за намената на часовникот, како да го чистат, како да го одржуваат итн.
Главен организатор на настанот е Боттега Евенти. Во фокусот на настанот ќе бидат мажите и нивниот начин на живот со креирање на нови искуства за посетителите преку интерактивно претставување на машките брендови.
За повеќе информации погледнете го Facebook настанот на следниов линк.