На 7ми март, во хотелот “Александар Палас” ќе се обединат околу 150 претприемачи, бизнис професионалци, основачи на стартапи и претставници на амбасади, организации и комори се со цел да се развие дискусија на една од најактуелните теми на денешницава – “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”.
Настанот ќе го отвори амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.
Присутните ќе имаат можност да се запознаат со најактуелните прашања на оваа тема и да дознаат повеќе за креирањето на успешни општествено одговорни кампањи и социјални бизнис модели од страна на говорниците на настанот, вклучувајќи:
- Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ
- Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија
- Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг
- Љубомир Стојчески, основач на Freshy’s – прв ресторан за здрава брза храна, кој практикува социјален бизнис модел
- Весна Кузмановиќ, ментор за социјални претпријатија
- Трејси Спаркс, дизајнер за иновации и стратегии
После презентациите сите присутни ќе бидат упатени во ‘Social Impact’ делот каде ќе имаат можност да се запознаат и со работата на неколку стартапи, дел од кои и се наградувани за општествено влијание. Сите овие претпријатија користат иновативни пристапи и се залагаат за користење на технологијата за подобрување на работата во различни индустрии; максимално користење на ресурсите и користење на еколошки производи; отворање нови работни места за ранливи групи и друго.
Ова е четврто и досега најголемо издание од серијата на настани организирани од Валосо Хуб под име Tech.О чија цел е создавање почва за поразвиена бизнис и ИТ клима во Македонија преку иновации и нови технологии.
Овогодинешното издание ќе има хуманитарен аспект, што значи дека дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани во добротворни цели и искористени за поддршка на социјални проекти.
Доколку сакате да бидете дел од заедницата која на иновативен начин прави разлика во општеството, регистрирајте се на овој линк.