Нивото на морињата и океаните во наредните два века ќе се зголеми за од 0,7 до 1,2 метри дури и ако владите стават крај на ерата на фосилните горива, како што е договорено со Парискиот климатски договор, велат научниците. Итните мерки за намалување на емисијата на штетни гасови би го спречиле долгорочното зголемување на нивото на морињата предизвикано од топењето на мразот од Гренланд до Антарктикот, кое ќе создаде нови брегови ширум светот, пишува во списанието Nature Communications.
Порастот на нивото на морињата и океаните им се заканува на многу градови од Шангај до Лондон, како и на многу предели под нивото на морето од Флорида до Бангладеш. Тоа е голема опасност и за цели нации како Малдивите на Индискиот Океан или Кирибати на Атлантскиот Океан, пренесува N1info.
Во истражувањето на научниците се наведува дека до 2300 година нивото на морето ќе порасне од 0,7 до 1,2 метри дури и ако 200 држави се обврзат да престанат да користат фосилни горива. Тоа ќе биде така затоа што индустриските гасови испуштени во атмосферата, кои ја заробуваат топлината, и понатаму ќе останат во атмосферата и понатаму ќе ги топат заледените површини. Покрај тоа, водата природно се шири како што расте нејзината температура. „Нивото на морињата мора да се сфати како некој бавен процес за кој не може да се направи ништо, но наредните 30 години се навистина пресуден период“ велат научниците.