ВИДЕО: Израелски научници успешно завршија симулација како подготовка за мисија на Марс

- Advertisement -

Тим од шест израелски научници во неделата завршија вежба која траеше четири ден и симулираше живот на Марс. Симулацијата, која е дел од поширокиот проект Д-Марс, била извршена во пустината Негев каде ги минаа деновите во услови идентични на оние на црвената планета, јавува Reuters.

- Advertisement -

Во соопштение од израелското министерство за наука и технологија стои дека експериментот бил извршен во изолираната израелска област Мицпе Рамон која има геолошки услови кои потсетуваат на околина на Марс. Учесниците во експериментот истражиле неколку сегменти важни за една мисија на Марс како сателитска комуникација, психолошки ефект од изолацијата, мерење на радијација и барање на знаци на живот во почвата.

Еден од нив, Гај Рон кој инаку е професор по нуклеарна физика на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, изјавил дека преку проектот не само што се бараат нови пристапи во дизајнирање на идна мисија до Марс, туку и го крева јавниот интерес за темата.

- Advertisement -

„Д-Марс е половина за истражување, половина за привлекување интерес. Голем дел од проектот вклучува поттикнување на интерес во јавноста и мотивација кај младите луѓе да студираат науки поврзани со вселенско истражување.“, изјавил Рон.

- Advertisement -

Проектот се имплементира во соработка со Израелската вселенска агенција. Погледнете го и видеото со инсерти од симулацијата.

Сподели!
- Advertisement -