Шест причини зошто да ангажирате бизнис тренер

- Advertisement -

Да се има успешен бизнис, не значи само да се постави одредена цел, туку и да се работи напорно кон нејзино остварување. Но понекогаш не е доволно само напорно да се работи, туку да се знае во која насока точно да се води бизнисот. Еден од начините како да ја пронајдете таа насока, е да ангажирате бизнис ментор или тренер.

Ова ќе ви помогне, пред сѐ, да ја погледнете вашата компанија од друга перспектива. Еве поради кои други причини треба да размислите да ангажирате ваква личност.

- Advertisement -

1. Не сте сигурни во која насока да се движите

Можеби се наоѓате на професионална крстосница. Иако бизнисот до сега ви одел добро, време е да го проширите, но не сте сигурни како да го направите тоа. Дали да понудите нови производи и услуги? Дали да ги зголемите цените? Дали да освојувате нови пазари?

- Advertisement -

Бизнис тренерот кој по правило е објективен кога се работи за вашиот бизнис, може подобро да види кој пат е најдобар за развивање на вашиот бизнис и ќе ве советува како успешно да се движите по него.

2. Сакате некој кој ќе ви ги помести границите

- Advertisement -

Исто како кога ангажирате личен тренер кој ви помага да го обликувате вашето тело, работењето со бизнис тренер ќе го обликува и развива вашиот бизнис. Без тренер, можеби ќе се фокусирате само на секојдневните задачи и ретко кога ќе пронаоѓате време да ја оцените моменталната стратегија или ќе се решите да смислите и да имплементирате нова.

3. Добивка од туѓото искуство

Вашето искуство е ограничено на она што досега сте го минале со раководењето на бизнисот и со претходните работи кои сте ги имале пред да станете претприемач. Но бизнис тренерот сигурно работел со барем десетина други бизниси и видел сѐ што постои на пазарот. Тој ќе го сподели со вас тоа што го поминал со другите сопственици на бизнис и ќе ви раскаже приказни од кои ќе знаете што треба, а што не треба да правите.

4. Ќе има со кого да се консултирате за идеите

Ќе станете доста изолирани доколку сами одлучувате како ќе делувате понатаму. Имате ли некој околу вас кој ќе ви каже искрено кога идејата не ви е добра? Кој околу вас ве предизвикува? Кој ве враќа на вистинскиот пат кога административните работи и останати нешта ве дефокусираат?

Сопствениците на бизниси најчесто на почетокот немаат некој кој им го пополнува ова место. Но работата на тренерот е да ве држи посветени на својата цел и да ви помогне да воочите кои се вистинските одлуки за вашата компанија.

5. Личност пред која ќе понесете одговорност

Еден од елементите на „соло“ работењето е дека немате личност која ќе ве мотивира да се држите до стратегијата. Доколку се обврзете да ја зголемите продажбата за 25% годинава, кој е тој што ќе ве потсети што сте му ветиле на бизнисот кога ќе подзаборавите?

Да се има бизнис тренер е како да се има учител. Можеби ќе добиете домашна задача, некој редовно ќе ви го проверува прогресот, како и најважното, ќе ве потсетува да останете на истиот курс што ќе му помогне на вашиот бизнис да се развие.

6. Тешко е кога си сам

Сигурно сте горди со фактот дека сами сте основале бизнис и сте почнале од ништо, но замислете колку би било полесно и побрзо доколку имате барем некаква помош.

Да се ангажира бизнис тренер не значи дека пропаѓате, напротив, ова е една од најпаметните работи кои можете да ги направите како сопственик на бизнис бидејќи покажува дека сте посветени на бизнисот и знаете дека никој не успева кога е сам и тврдоглав.

Сподели!
- Advertisement -