Во Ријека децата ќе учат информатика од прво одделение

- Advertisement -

Ријека е еден од првите хрватски градови кои воведува бесплатно изучување на предмети кои уште не се застапени од прво одделение во останатите хрватски градови, па така освен граѓанско образование кое беше воведено пред две години, од оваа година се воведува и бесплатна информатика – изборен предмет кој учениците можат да го изучуваат од прво одделение.

Како што пренесува Poslovni Dnevnik, на учениците во останатите хрватски градови, изучувањето на информатиката ќе им биде понудена на ученици од следната година, но дури од петто одделение. За раното изучување на информатиката, до сега родителите плаќале десетина евра месечно, што значи дека одлуката на градот Ријека за бесплатно изучување ќе им биде олеснителна.

- Advertisement -

„Со овие проекти, но и со низа други програми наменети за основците, градот Ријека ја пополнува празнината во образованието на децата која ја оставиле државата и надлежното министерство за образование.“, изјавил градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел.

Тој додал дека со желба да се создаде модерно и правично општество, изградено на знаење, почитување на човекови права и демократски стандарди, Ријека ја користи законската можност да воведе промени во наставните програми наменети за образованието во градот. Другите два бесплатни предмети кои ги понудиле претходно, граѓанско образование и Мојата Ријека предизвикале голем интерес, а градските власти сметаат дека интересот за бесплатно изучување на информатиката ќе биде уште поголем.

- Advertisement -

Градот до сега за оваа намена издвојувал околу 1,3 милиони евра, а планираат зголемување на овој буџет на 1,5 милиони евра откако ќе биде воведена бесплатната информатика. Програмата за рано изучување на информатика од следната училишна година предвидува фонд од 35 часа во училишната година односно 1 час неделно.

„За наставата да биде квалитетна и успешна, потребно е вклучување на експерти во процесот, поради што градот формираше стручен тим кој ќе ја изработи програмата со исходи од учењето за секое од прво до четвртто одделение и насоки за примена на наставната програма. Стручниот тим се состои од претставници на академската заедница, наставници по информатика во повисоките одделение и учители од одделенска настава.“, изјавила Санда Шушањ, раководителка на Одделот за воспитание и образование на градската управа.

- Advertisement -

Причината поради која оваа програма е предвидено да биде бесплатна, а материјали јавно достапни, е да им се овозможи еднакви образовни можности на сите деца и правичен пристап до потребното квалитетно информатичко образование.

Сподели!
- Advertisement -