ФЕИТ ќе соработува со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград

- Advertisement -

Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград, Србија

Со потпишување на Меморандумот за соработка, од Факултетот велат ќе се продлабочи соработката во образовните и научно-истражувачките активности преку работа на заеднички проекти, размена на академски кадар и на студенти, размена на искуства во иновативни методи на предавање, организирање заеднички симпозиуми, работилници и конференции.

„Со овој чин на потпишување на Меморандумот ја потврдуваме нашата соработка со Одделот за радиациона хемија и физика во Винча, во чиј состав се наоѓа и постројката за индустриска стерилизација, преку заеднички истражувања во дозиметријата, испитување на храна и додатоци на храната третирани со јонизирачко зрачење“, вели Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

- Advertisement -

Од Институтот за нуклерни науки „Винча“ велат дека повеќе од 40 години работат на стеризилација на медицински садови и конзервација на храна со јонизирачко зрачење.

„Со ФЕИТ сакаме да ја продлабочиме, но и да ја официјализираме, досегашната соработка за прашања поврзани со радициона стерилизација и конзервација на храната, како и детекција на храна која била третирана со јонизирачко зрачање. Двете држави имаат обврска, а тоа го бара и ЕУ, да ја проверуваат храната дали е третирана и доколку е, тогаш тоа мора прописно да биде означено на пакувањето“, вели професор д-р Мирослав Драмиќанин од Институтот „Винча“.

- Advertisement -

Меморандумот ќе овозможи продлабочување на долгогодишната соработка помеѓу двете институции, посебно во истражување и карактеризација на нови материјали, материјали третирани со јонизирачко зрачење и нивна примена во индустријата, како и стеризација на медицински материјал, козметички препарати и додатоци во исхраната.

Сподели!
- Advertisement -