На 8 март ќе се одржи третото издание на Конгресот на жени претприемачи на Југоисточна Европа

- Advertisement -

Третото издание на Конгресот на жени претприемачи на југоисточна Европа ќе се одржи во Загреб на Меѓународниот ден на жената, 8 март. Конгресот го организира Виртуелниот женски претприемнички центар и Град Загреб под покровителство на Колинда Грабар Китаровиќ, претседателката на Хрватска. На конгресот ќе присуствуваат околу 500 жени претприемачи од сите делови на Хрватска, како и гости од југоисточна Европа, пишува PolitikaPlus.

За сите жени претприемачи од југоисточна Европа овој конгрес е прилика за претставување и поврзување, размена на корисни информации, совети и искуства во остварувањето на сопствените претприемнички идеи. За многумина годинашната тема на конгресот „Успешни жени претприемачи – извор на мотивација или фрустрација“ ќе биде охрабрувачка и мотивирачка во намерата да станат претприемачи и да ги остварат своите идеи.

- Advertisement -

Идејниот основач на Виртуелниот женски претприемнички центар, Санела Дропулиќ, истакна дека една од задачите на конгресот е да ја намали маргинализираноста на жената во светот на бизнисот и дискриминацијата во општеството. Конгресот е платформа за размена на искуства, остварување бизнис контакти, конектирање и унапредување на мрежата од контакти на жените претприемачи за поквалитетен пристап и опстанок на пазарот во своите држави, но и во регионот.

На конгресот мотивациско предавање ќе одржи Мари Луиз Дот, застапничка на владејачката Христијанско-демократска унија во гермнаскиот парламент, со што ќе се отвори работниот дел од манифестацијата. Во рамките на конгресот организиран е Претприемнички саем за сите жени претприемачи кои сакаат да ги претстават и да ги понудат своите производи. БиХ е држава партнер, а партнерска организација е Регионалната асоцијација на жени претприемачи Poslovna žena од Сараево. Сите содржини на конгресот се бесплатни, а за учесниците нема котизација.

Сподели!
- Advertisement -