- Advertisement -
Деновиве беа презентирани детали од новата среднорочна програма на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни преторијатија за периодот 2018-2020 година. Со нејзиното усвојување се овозможи старт на реализација на мерките од третиот столб на Планот за економски раст на Владата наменет за финансиска поддршка на микро, мали и средни компании
[quote bgcolor=”#b7b7b7″]Финансиската поддршка тешка 10,5 милиони евра е наменета за проекти за иновации и технолошки развој[/quote]
Ова се мерките:
- Поддршка на ММСП со тенденција за брз пораст („газели“- 20% пораст на вработени 20% пораст на вкупен приход во последите две години) во висина до 30% од директните трооци, односно до 10 милиони денари
Под оваа мерка ќе се финансираат пректи за:
воведување стандарди за квалитет, набавка на опрема, изградба на хали, како и поддршка на проекти за енергетска ефикасност и заштита на животна средина - Посебна дополнителна поддршка за ММСП во износ до 5 милиони денари.
Под оваа мерка ќе се финансираат проекти за:
организациско подобрување, воведување нов систем на менамент, ИТ алатки и опрема кои ќе овозможат поголема ефикасност на компаниите - Поддршка на ММСП за подобрување на иновативноста преку финансика поддршка до 70% од директните трошоци во инвестициски проекти, во максимален износ до 20 милиони денари.
Под оваа мерка ќе се финансираат :
активности за истражување и развој на нови производи и услуги или значително подобрување на постојните, потоа тестирање на ниви производи и нивен маркетинг. Поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица во висина до 30% од овој вид трошои, или до 1 милион денари.Како ќе се реализира програмата?
Реализацијата на овие мерки ќе се одвива по пат на јавни повици, кои ќе бидат отворени 45 дена по објавувањето. Сите компании кои ги исполнуваат усовите и имаат добра деловна идеја, имаат еднакви шанси во аплицирањето.
Првиот јавен повик ќе се објави во текот на овој месец и со него ќе бидат поделени 185 милиони денари. Во текот на оваа година ќе има уште два повици, со што вкупниот износ на средства за 2018 година ќе остигне 645 милиони денари (10,5 милиони евра).
Условите кои треба да ги исполнуваат компаниите се дефинирани со секој амерка одделни и се однесуваат на:
- број на вработени
- годишен приход
- сопственичка структура за мерка 3
- обврска за претходо исполнување на сите обврски кон доверителите
Критериуми за селекција на проектите кои ќе се финансираат се следни:
- степен на иновативност
- квалитет на проект
- капацитет на проектниот тим
- потецијал на пазарот , и
- влијание врз општеството или животната срединаЗа реализација на јавните повици Фондот подготвува Правилници в кои детално е разработена целата постапка за плицирање и доделување на средствата како и мониторингот на проектите во фазата на реализација. Правилните ќе бидат достапни за сите потенцијални апликанти и за јавноста со објавување на првиот повик.
- Advertisement -