За новите студенти изборот на главните предмети на факултет може да се чини како одлука која ќе им го одреди текот на животот, но дипломата по информатички науки не може да ви загарантира дека ќе создадете мултимилионска компанија, а дипломата по филозофија нема да ве спречи да стартувате сопствен бизнис, пишува Bizlife.
Најдобрите и најинтелигентните директори во светот имаат разнолико образование. Некои од нив избрале да студираат некоја област директно врзана со нивниот успех, додека одлуките на други не и биле логични на нивната околина. Било да сте дипломирале на нтернационални студии како Витни Волф, основач на апликацијата Bumble или сте завршиле Металуршки инженеринг како извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, има многу начини да успеете во светот на технологијата.
Рид Хејстингс – директор на Netflix
Студирал математика на колеџот Боудоин, а подоцна и вештачка интелигенција на Универзитетот Стенфорд. За главни предмети избрал математика и информатика. Хејстингс се откажал од колеџот една година за да работи продавајќи правосмукалки од врата до врата. На колеџот основал клуб кој организирал планинарење и пловење со кану.
Џек Ма – директор на Alibaba
Џек Ма не успеал отпрвин да се запише на колеџ – дури три пати. Тој аплицирал четири пати пред да го примат. Дипломирал на отсекот англиски јазик, а денеска неговото богатство се проценува на околу 30 милиони долари.
Сузан Војчички – директорка на Yotube
Воjчички студирала историја и книжевност на Харвард, а завршила и економија на Универзитетот Калифорнија. Воjчички доаѓа од семејство на академици и очекувала и сама да биде тоа. Првичниот план и бил да докторира економија, но ги променила плановите кога сфатила дека прва страст и е технологијата.
Џејмс Парк – директор на FitBit
Џејмс Парк не дипломирал на Харвард од едноставна причина – затоа што се откажал. Информатиката била негов главен предмет на факултет.
Раид Хофман – директор на Linkedin
Дипломирал на Универзитетот Стенфорд. Еден од неговите главни предмети бил когнитивни науки, а магистрирал и филозофија.
Тревис Каланик – директор на Uber
Каланик студирал софтверски инженеринг на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес, но се откажал за да работи на проектот Scour.
Мег Витман – директорка на Hewlett Packard Enterprise
Витман првобитно сакала да биде доктор, па почнала да студира математика и природни науки. Меѓутоа, по летото кое го поминала продавајќи реклами за списанија, ги насoчила своите интереси кон економијата.
Сатја Надела – директор на Microsoft
Иако првобитно сакал професионално да игра крикет, сфатил дека најдобро би било да не се занимава со наука и технологија. Стекнал диплома од областа електротехника.
Илон Маск – директор на Tesla и SpaceX
Главните предмети кои го окупирале вниманието на Маск се физиката и економијата. Пред да има визија луѓето да одат по Марс, Маск имал малку поинаков живот. Како студент на Универзитетот на Пенсилванија, Маск изнајмил куќа со 12 спални соби и ја претворил во ноќен клуб. Понекогаш имал и по 500 гости во една вечер.
Иван Шпигел – директор на Snapchat
Шпигел се откажал од Универзитетот Стенфорд. Иако тој одржал говор на доделувањето на дипломитe, технички, не дипломирал. Имено, бил многу блиску до дипломирање, но во последен момент одлучил да се фокусира на Snapchat и тоа му се исплатиlo.
Студирањето и дипломирањето изгледа не се пресудни кога зборуваме за успехот. Потребно е да имате визија, трпение, оригинална идеја и големо знаење, кое можете да го стекнете и со неформално образование.