Хрватката Николина Поропат произведува „чевли радосници“

- Advertisement -

Николина Поропат своето хоби го претворила во стварност и денес таа произведува „чевли радосници“. Уште како девојче сонувала дека ќе стане дизајнeрка и нејзините модели ќе сакаат да ги носат сите.

Долго време работев во конфекција, бев застапник за бројни брендови, но едноставно, нешто во мене ме натера да ја напуштам таа работа. Тргнав по патот кој сакам да трае засекогаш. Чевли правам веќе неколку години, но последните месеци работите ги ставив во петта брзина. Најдова двајца одлични партнери кои се стручни за стартување бизнис. Се почна со случајно запознавање, но сега веќе сме добро уходани во работата. Тие работат на маркетинг и ПР, а јас работам на чевлите“ вели Николина.

Во работата има разни проблеми кои се појавуваат одеднаш, но се борам. Некогаш материјалите се прескапи, па мора да барам на друго место, некогаш луѓето ме разочаруваат, но одам понатаму и постојано сум во потрага по поквалитетно и поевтино. Кога ќе наидам на нова врата, тропнувам. Денес секој има проблеми, па затоа не сакам да се жалам. Се борам и уживам во оваа борба. Сега се подготвувам да се најдам со некои други луѓе од регионот на Меѓуморје и Осијек за да видам дали има можност за дополнително производство. Би сакала се да се обедини на едно место. Сеега сум во фаза да го остварам тоа“ додава Николина.

- Advertisement -

Таа тврди дека при дизајнирањето се води од оригиналноста и се радува кога нејзините чевли ќе ги развеселат корисниците, па затоа и своите чевли ги нарекла „чевли радосници“. Обрнува големо внимание на удобноста и на квалитетните материјали, а користи исклучиво телешка кожа, пишува Poslovni Dnevnik.

„Среќна сум што соништата си ги претворив во реалност, но секако дека успехот е релативен. Да, успешна сум ако гледам од аспект на тоа дека го работам тоа што го сакам, но целта ми е еден ден моите чевли да се најдат во многу продавници. Засега чевлите може да се купат исклучиво преку Instagram и Facebook профилите на NinaNina Fashion, но наскоро ќе биде активирана ид веб страница“ појаснува Николина.

- Advertisement -

Нејзините клиенти можат да имаат и своја идеја какви чевли сакаат, а во тој случај цената на еден пар може да се искачи до 200 евра. Чевлите кои ги прави таа се продаваат по цена од 106 до 175 евра, а моментално се на акциска цена од околу 80 евра.

(Пословни дневник)

Сподели!
- Advertisement -