Бизнис форум: Дигитализација во Македонија по примерот на Естонија

- Advertisement -

Македонија да ги искористи искуствата на Естонија за да го подигне нивото на дигитализација, но и да научи од оваа мала економија како се повлекуваат средства од евтопските фондови, беше речено на денешниот бизнис форум во Стопанска комора.

Форумот го најави скорешното воведување на директна авиолинија Охрид – Талин и испрати порака за нужно интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји со оглед дека за тоа нема никаква реална пречка, ниту постојат отворени прашања.

- Advertisement -

Како да се спречи одливот на младите, едуцирани кадри, истакнаа учесниците, мора да биде приоритет и во Македонија и во Естонија.

„Естонија има слична ситуација како нас, а многу подобри резултати. Со агресивната политика на дигитални технологии, се наметна како сериозен партнер на европската економија. Ако ние, тука, во овој сегмент, не направивме максимални напори за да бидеме конкурентни, ќе ја срушиме својата сопствена предност во однос на големите економии – да бидеме попаметни, подобри и покреативни како извор на сервиси. Дигитализацијата, воедно, е високо на агендата на ЕУ“ изјави претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев кој е домаќин на естонската делегација.

- Advertisement -

Според него, трговската соработка со Естонија досега се одвиваше инцидентно, неорганизирано и без стратегија. Иако македонската страна бележи позитивно трговско салдо и суфицит од околу три милиони долари, примерот не е доволно добар.

Дека размената е мала и несоодветна на можностите се согласи и амбасадарот на Естонија, Вајно Реинарт.

- Advertisement -

„До пред три години размената беше ограничена на 400 000 евра. Но, оттогаш до сега се зголеми за 15 пати. Достигна шест милиони евра. Ова е значителен напредок, но можеме уште повеќе“ потенцира амбасадорот.

Стопанствениците од Естонија ценат дека Македонија има поволна даночна политика, а бараат партнери за соработка главно во прехрамбената индустрија и земјоделството.

Во однос на увозот и извозот Македонија во Естонија најмногу пласира електрични проводници, а увезува конзервирана риба.

Сподели!
- Advertisement -