Бурите и громовите се нешто на што не сака да наиде иеден пилот, но според некои статистики, секој комерцијалeн авион барем еднаш годишно го погодува гром. Можеби оваа статистика не звучи страшно, но инженери од Институтот за технологија на Масачусетс под спонзорство на Boeing сакаат да ги намалат тие бројки. Кое е решението? Сакаат да ги наполнат авионите со електричен набој за да не привлекуваат громови, пишува New Atlas.
Кога еден голем авион ќе наиде на громови, се јавува страв и паника, но штетата која најчесто се предизвикува е мала. Причината зошто има мала штета е затоа што конвенционалните авиони се направени од легура на алуминиум. Кога авионот е во близина на електрични празнења, школката на авионот развива свој поларитет. Еден дел од авионот добива негативен набој, а другиот позитивен. Кога тој набој ќе стане доволно силен, генерира многу проводлива плазма. Таа плазма може да ја прекинат врската меѓу наелектризираните облаци и земјата, па громот едноставно поминува низ авионот.
Тоа не предизвикува посериозна штета, но освен школката на авионот има и секакви антени, жици и други структури на кои може да се нанесе штета. Со децении инженерите ги заштитуваа авионите од громови со инсталирање приземјување, големи придушувачи итн. Идејата на МИТ е да се избегнат горовите со ставање негативен набој на авионот за да не се создаваат позитивни честички. Тоа ќе се прави преку автоматизиран систем од сензори и активатори. Сензорите ќе детектираат каде има позитивен набој и ќе се испрати спротивен електрицитет.
„Сакаме авионите да ги направиме што ‚поневидливи’ за громовите. Освен ова технолошко решение, работиме на физиката зад процесот. Тоа е поле каде што има малку познавања и ова е обид да се разбере зошто доаѓа до удар на гром во авион“ велат од МИТ. Тимот моментално работи на проверка на изводливоста на идејата во пракса.