Ова се петте најголеми достигнувања на Стивен Хокинг

- Advertisement -

Меѓу бројните откритија и достигнувања на големиот научник и популаризаторот на науката Стивен Хокинг издвојуваме пет кои поради влијанието и досегот може да се сметаат за најзначајни.

Црните дупки не се само црни

- Advertisement -

Се до 1974 година физичарите беа убедени дека ништо не може да избега од црните дупки. Стивен Хокинг таа година покажа дека тоа не е точно. Тој предвиде дека црните дупки емитуваат зраќење кое може да продолжи и откако ќе ја потрошат својата енергија и ќе испарат. Хокинговото зрачење, како што подоцна беше наречено, на почеток беше контроверзна замисла, но подоцнежните истражувања покажаа дека станува збор за битно откритие на полето на теоретската физика.

Долговечната „Кратка историја на времето“

- Advertisement -

Стивен Хокинг во 1988 година објави книга која стана едно од најпопуларните наулни изданија на сите времиња. A Brief History of Time („Кратка историја на времето“) цели 237 недели беше на списокот со бестселери на британскиот весник Sunday Times. До 2001 година книгата беше преведена на 35 јазици, а во 20-те години од издавањето е продадена во повеќе од 20 милиони примероци.

Потврда за вселената која се шири

- Advertisement -

Теоријата според која вселената се шири експоненцијално по Големата експлозија се додека не се смири на помала брзина ја воведе американскиот космолог Ален Гут во 1980-тите години. Денес теоријата за инфлацискиот космос е нашироко прифатена, а Стивен Хокинг е еден од првите научници кои ја пресметаа флуктуацијата настаната во текот на ширењето на веселната и покажа дека може да се поттикне ширење на галаксиите во универзумот.

Гравитациски сингуларитет

Гравитацискиот сингуларитет е еднодимензионална точка која содржи бесконечна маса во бесконечно мал простор. Во не агравитацијата станува бесконечна, времето е бесконечно закривено, а законите на физиката кои ги познаваме не важат. Ситвен Хокинг заедно со британскиот математичар и физичар Роџер Пенроуз успеа да го докаже постоењето на таквите точки и постави теорија според која вселената почнува како сингуларитет.

Четири закони на црните дупки

Во соработка со Џејмс Барден и Брендон Картер, Стивен Хокинг откри четири закони на механиката на црните дупки кои ги опишуваат нивните физички својства. Се верува дека се аналогни на законите за термодинамика, чие откритие своевремено доведе до пресврт во напредокот на науката и разбирањето на светот во кој живееме.

Сподели!
- Advertisement -