18 милиони евра ЕУ грант за туристичките места во Македонија

- Advertisement -

Со грант од ЕУ од 18 милиони евра и учество на Владата со 3,2 милиони евра ќе се подобрува конкурентноста на туризмот  и ќе се чисти ѓубрето од туристичките места во Македонија.

Вториот јавен повик за доделување на грантови е веќе објавен. На него можат да конкурираат општините за инфраструктурни инвестиции, организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука, како и локални мали и микро претпријатија од областа на туризмот.

Средствата се обезбедени од Европската Унија- 18 милиони евра преку ИПА 2, од Владата уште 3, со што вкупно за овој проект се обезбедени над 21 милиони евра.

- Advertisement -

Преку овој проект општините ќе можат да добијат до максимум еден милион евра ако настапуваат сами и до три милиони ако одат регионално. 90 отсто од парите ќе бидат грант, а 10 проценти сопствено учество. За локалните микро и мали претпријатија грантовите ќе бидат до 100 илјади евра за еден барател и до 300 илјади ако настапуваат заеднички, но кај нив само 50 отсто од парите ќе бидат грант. Граѓанскиот сектор, пак, за обуките ќе добива од 50 до 150 илјади евра, и таму грантот е 90 проценти.

- Advertisement -

Повикот трае до 30-ти април. Предност ќе имаат општините кои веќе имаат готови проекти, а оние што немаат подготвено проектна документација ќе добијат техничка помош.

Сподели!
- Advertisement -